Илјо Стојчевски, сопругот на пратеничката, од јануари стана командир на шумската полиција. За само два месеци, пратеничката на СДСМ Мира Стојчевска успеа да си го вработи синот во ЕЛЕМ, братот во РЕК Битола и да го унапреди својот маж во командир на шумската полиција во Делчево.
Според сопругот на пратеничката, таа немала никакво влијание врз неговото унапредување.
„Откако командирот си даде оставка на функцијата, мене ме информираа дека ми даваат овластување да ја извршувам функцијата командир. Известувањето го добив во јануари. А мојата сопруга нема влијание врз моето работно место. Јас бев заменик-командир на шумската полиција во Делчево од 1998 година, имам 28 години стаж“, изјавил Стојчевски за ТВ 24.
Неофицијално од Македонски шуми ја потврдуваат информацијата, но не даваат никаква дополнителна официјална информација.