Замената на патните документи и регистарските таблички ќе биде на товар на граѓаните, изјави владиниот портпаролот, Миле Бошњаковски.
Новите регистарски таблички, како што рече, се очекуваат да бидат издадени кон средината на мај, а патните документи кон крајот на годината. Тој појасни дека рокот за замената на старите патни исправи истекува за пет години во согласност со договорот со Грција.
„Старите документи остануваат во важност до истекот на техничкиот рок утврден со Договорот од Преспа, а тоа се пет години. Ова значи дека секој граѓанин во рамки на редовната постапка кога ќе го менува пасошот, ќе го добие новиот и ќе ја плати цената која е редовна за замена на патните исправи“, појасни Бошњаковски.
Бесплатна ќе биде налепницата за возилата со ознаката NMK, кои ќе им бидат давани на граѓаните на граничните премини при излез од државата. Пасошите на граничните премини привремено ќе добиваат печат со Република Северна Македонија.
Имињата на градовите како Македонска Каменица и Македонски Брод, како што рече Бошњаковски, ќе останат исти, додека институциите кои во своето име имаат македонска, македонско имаат рок од четири месеци да го променат името.