Повик за учество на теренски истражувачи

Здружение за унапредување и заштита на правата на работниците Достоинствен Работник го реализира проектот Не биди роб – информирај се за своите работнички права!“ во општина Прилеп со поддршка од Европската Унија преку грантова шема на Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе Отворена Порта во рамките на проектот „Стратешки партнерства за развивање на социјална агенда за промени: „Препознај, почитувај и остварувај права“.

 

Застапувањето на правата на работниците е притисок кон донесувачите на одлуки и алармирање на јавноста за важноста на прашањето за трудовата експлоатација. Основната цел на проектот е да се воспостави механизам за информации и превенција од трудова експлоатација меѓу работниците. За успешно реализирање на проектот потребно e  да се изврши теренско истражување со цел утврдување на постоење на трудова експлоатација спрема работниците од страна на работодавачите.

 

Услови за учество

 

Право да конкурира има секо јкој е:

 

  1. на возраст од 18 до 35 години,

 

  1. ангажиран/а во граѓанскиот сектор/синдикална организација во локалната заедница,

 

  1. има солидни познавања и искуство во наведената област.

 

Потребни документи за учество

 

  1. Пријава – може да ја превземете од блогот на здружението zdr-adw.weebly.com

 

  1. Биографија (CV) со наведени контакт – податоци

 

  1. Писмо за мотивација

Селекцијанакандидатите

 

Селекцијата ќе се одвива во две фази. Во првата фаза кандидатите ќе бидат селектирани врз основа на личните постигнувања наведени во биографијата и писмото за мотивација. Сите пријавени ќе бидат известени за резултатите од првата фаза најдоцна до 27 февруари 201година по електронска пошта. Дел од пријавените ќе бидат повикани на усно интервју. Избраните учесници ќе бидати звестени најдоцна до 08март 201година.
Непотполни документи нема да се разгледуваат!

 

Поднесувањенадокументите

 

Пријавата и останатите документи треба да се поднесат најдоцна до 22 февруари 201година на: е-маил zdr.adw15@yahoo.com (со назнака за теренски истражувач).

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи