Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против И.К.(46) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и против А.С.(19) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,овозможување на употреба наркотични дроги“.
„На 20.12.2018 година во Прилеп, при преглед над второпријавениот и 15-годишник од Прилеп, полициски службеници кај малолетникот пронашле и одзеле марихуана, по што било утврдено дека ја купил од првопријавениот“, соопштуваат од МВР.
Исто така надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Д.Д. (36) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
„На 05.09.2018 година во Прилеп полициски службеници извршиле претрес во куќата на пријавениот, при што пронашле и одзеле екстази и марихуана“, додаваат од МВР.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава и против И.А. (30) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
„На 28.12.2018 година во Прилеп полициски службеници извршиле претрес во стан изнајмен од пријавениот, при што пронашле и одзеле амфетамин и кокаин“, велат од МВР.