ВИДЕО – Еколошката свест на прилепчани скоро на нула, диви депонии во секоја населба, а казни воопшто не се пишуваат

Од 7 февруари ЈКП „Комуналец“ – Прилеп започна со чистење на дивите депонии низ градот. Прва населба која беше исчистена е населбата „Бончејца“. Од ова јавно претпријатие истакнаа дека во моментов се работело во населбите „Тризла“, „Точила“,а денес акцијата продолжувала околу основното училиште „Гоце Делчев“.

 

 

„Ситуацијата тука околу ООУ „Гоце Делчев“ е многу лоша, иста е сликата и на многу други места Јас пред се би ги замолила граѓаните, доколку си го сакаме Прилеп да се однесуваме поодговорно. Прилеп треба да им го оставиме и на идните генерации. Не сакам никого да обвинувам, сакам само да се однесуваме поодговорно. Ги замолувам граѓаните кои иимаат смет да ни се јават во „Комуналец“ со нашите возила бесплатно ќе им го подигнеме сметот од нивните домови“, истакна Ирена Станковска, в.д. директор на ЈКП „Комуналец“.

 

Станковска нагласи дека ќе се чистел целиот град континуирано, но немало да се оди кампањски, онаму каде што ќе се пријави дека има дива депонија, туку ќе се чистело населба по населба. За да се намали бројот на диви депонии Станковска изјави дека требало поголема заангажираноста од страна на комуналниот инспекторат и полицијата.

 

„Казните не зависат од нас и ние би имале помалку работа доколку функционираат казните и доколку комуналните инспектори, па и дел од полицијата си ја вршат работата. Но пред се зависи од свеста на граѓаните. Колку и инспекторите да казнуваат, колку и ЈКП „Комуналец“ да чисти многу се повеќе луѓето кои можат да растурат. Ние секој ден да чистиме диви депонии нема да може да исчистиме толку колку што може да се растури“, додаде Станковска.

 

Од ЈКП „Комуначец“ велат дека ќе се чистела и солта и гранулатот кој беше фрлан по улиците поради зимската сезона. Процесот одел бавно затоа што се чистело рачно со метли, затоа од ЈКП „Комуналец“ ги повикаа граѓаните да имале разбирање.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи