Во сабота .02.03. 2019 со почеток во 19.30 часот на репертоар на театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп ќе се прикажи претставата „Ништо без Трифолио“, во режија на Коле Ангеловски. Станува збор за весела комедија која со својата динамика и кохерентна структура носи силен пулс на современоста.
Влезници на билетарницата од театарот четврток, петок и сабота од 10 до 13 часот и два часа пред почетокот на претставата. Резервации на тел. 076 442 378.