Марјан Ристески и неговиот ментор Груевски потрошија стотици милиони евра, а не изградија ниту еден капитален спортски објект во Прилеп. Прилепчани добиваат европски стадион и базени за спорт, рекреација и терапевтски цели, токму како што вети градоначалникот во својата предизборна програма, реагираа од СДСМ Прилеп на денешната прес конференција од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
Реакцијата ја пренесуваме во целост.
12 години криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ ги злоупотребуваше парите на граѓаните, а митото, корупцијата и нелегалните тендери, станаа нејзин заштитен знак.
Екс градоначалникот на Општина Прилеп, Марјан Ристески и неговиот ментор Груевски потрошија стотици милиони евра, а не изградија ниту еден капитален спортски објект во Прилеп, иако пред секои избори ги лажеа прилепачани дека само што не изградиле покриен базен и само што не го реконструирале градскиот стадион.
За разлика од криминалната матрица на ВМРО-ДПМНЕ, за СДСМ и градоначалникот Илија Јованоски, зборот е збор!
Во моментот се реконструира градскиот стадион „Гоце Делчев“, а Општина Прилеп подготвува Основен проект и го променува Деталниот урбанистички план во населбата „Точила“ за легална и законска изградба на комплексот со покриени базени.
Прилепчани добиваат европски стадион и базени за спорт, рекреација и терапевтски цели, токму како што вети градоначалникот во својата предизборна програма.
Истите тие злоупотребени млади членови на ВМРО-ДПМНЕ, кои денеска се потсмеваат со изградбата на комплекс со покриени базени во Прилеп, а кои 12 години молчеа и ги одобруваа лагите и злоупотребите на Ристески и Груевски, ќе имаат прилика да спортуваат во овој капитален проект.
Општина Прилеп и Македонија забрзано чекорат напред, а ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски остануваат заглавени во криминалната и назадна матрица.