ВИДЕО – Заев во Прилеп најави можност за увоз на работна рака од странство

Поради се помасовното иселување и ниските плати, недоволни за нормален живот компаниите во Македонија, а особено во Пелагонискиот регион се соочувата со огромен недостаток на работна рака. Ова беше една од главните точки на која денеска во Прилеп стопанските комори од овој град и од Битола разговараа со премирот Заев и Вицепремиерот Анѓушев. Решението на проблемот се гледа во државна парична помош при обуки за квалификувани работници, но и во увоз на работна рака од странство. Но не беше потенцирано од кои држави би доаѓале работници да работат кај нас.

 

 

 

„Во однос на квалификуваната работна сила веќе имаме конкретни работни задачи на кои што можеме да работиме сите компании, заедно со владините мерки, каде што имаме и поддршка од 20 милиони евра неискористени средства за тренирање на потенцијална работна сила. А во однос на оперативната работна сила разговаравме за можноста на увоз на работна сила од други земји, истакна Ирена Јакимоска, претседател на Регионална Стопанска комора Прилеп.

 

„Тоа е во делот на европската економска агенда за регионот и верувам дека ќе успееме тоа да го поставиме, но и либерализацијата на одредени визни режими за одредени земји, кои што досега имале виза ако сакале да дојдат во нашата земја, не само како потенцијални работници, пред се како туристи, како потрошувачи или слично, од секој карактер. Тие дебати се отворени во Владата“, изјави Зоран Заев, Претседател на Влада.

 

На средата со стопанствениците се разговараше и за изградба ана патната инфраструктура во овој регион, како изградбата на гасоводот Неготино-Прилеп-Битола во чија изградба увид извршија претставниците на Владата. Од оваа делнициа завршени биле 36%. Беше потенцирано тоа дека гасот е ефтин и еколошки енергенс од кој голем бенефит ќе има целата економија.

 

 

 

„Над 90% од имотно-правните прашања веќе се решени. Веќе имаме заварено околу 33 километри цевки, имаме отворена траса од над 52 километри и отворена решена експропријација на околу 75 километри од оваа делница. И очекува дека во втората половина од наредната година оваа делница ќе биде оперативна и наполнета со гас и ќе може да се користи“, потенцираше Бајрам Реџепи, директор на НЕР.

 

„Очекуваме уште поинтензивно да се работи во овој период, со цел да најбрзо ги реализираме капиталните инвестиции во овој регион, туку и да овозможиме голем бенефит на граѓаните од пелагонискиот регион. Бидејќи овој магистрален гасовод оди до градовите, потоа она што го зборувавме со градоначалникот на Прилеп, градоначалничката на Битола, сите работат на проектни документации кои треба да бидат во најбрз временски период завршени, со цел овие општини да бидат приклучени на централниот гасовод“, кажа Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.

 

Но иако гасот можеби за една година ќе стигне во близина на Прилеп и Битола неговото искористување од граѓаните на овие населени места се очекува да се случи дури за неколку години бидејќи нема ниту проектна документација за тоа, а камоли пак изградена гасоводна мрежа.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи