ЕК: Британија ја напушта ЕУ на 12 април, на полноќ

Facebook
Twitter
Email
Print

Според досегашниот развој на состојбите, Велика Британија ќе ја напушти ЕУ без договор на 12 април, на полноќ, порачуваат од Европската комисија. Во Брисел повторуваат дека ЕУ жали за одлуката на Велика Британија да ја напушти Унијата, но ја почитува. Се додава дека „брегзит“ никогаш не бил избор на ЕУ, ниту пак, „брегзит“ без договор е сценарио што го поддржува Унијата.

 

„Според моменталната состојба, Велика Британија ќе ја напушти ЕУ без договор на 12 април на полноќ, на премин кон 13 април. Општото влијание на сценариото „без договор“ не може да се ублажи, но подготовките во државите членки продолжуваат за да бидат подготвени за таквото сценарио“, се наведува во соопштението од Комисијата.

 

Според таквото сценарио, од моментот на напуштање на Унијата, веднаш ќе стапат во сила мерките за царинска контрола и наплата  на ДДВ за производите коишто доаѓаат од Велика Британија. Истовремено, ќе се воведат и нови царински обрасци за компаниите коишто тргуваат со Обединетото Кралство, информираше комесарот за економски и финансиски прашања на ЕУ, Пјер Московици.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи