ВИДЕО – СДММ Прилеп : Младите масовно се обединуваат за европска иднина, Пендаровски е нашиот сојузник во таа борба

Историската шанса да станеме рамноправни со европските земји, е пред нас. Таа шанса е во рацете на младите, затоа што токму младите се носители на сите позитивни промени во општеството. Никој повеќе нема право не’ држи во заложништво, ниту нас, ниту идните генерации. Истакна на денешната прес конференција Мартина Стојкоска – член на СДММ при ОО СДСМ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„После 30 години транзиција и разочарувања, младите масовно се мобилизираат и обединуваат, не само во Прилеп, туку и ширум нашата држава, во заедничката мисија за европска иднина.

 

Стево Пендаровски е нашиот сојузник во заедничката борба за сигурна иднина, подобро образование и можности за вработување преку членство на нашата држава во Европската унија.

 

Наспроти тој концепт на заедништво и чекорење напред кон членство во европското семејство, Мицкоски и Сиљановска нудат поделби и конфликт, политики кои беа основа на 12 годишниот режим на Никола Груевски.

 

За младите изборот е едноставен. Избираме иднина. Избираме европско семејство, тука во нашиот град и во нашата држава.

 

Досега, Европската унија има инвестирано 8.8 милијарди евра во Младинската гаранција за вработување.

 

Кај нас Младинската гаранција се лансираше во 2018 година и веднаш резултираше со успех и вработување околу 4.000 млади, а до крајот на имплементацијата на оваа мерка ќе бидат вработени околу 9.500 млади лица.

 

Овој курс треба да го продолжиме. Заедно да чекориме напред кон Европската Унија и НАТО. Со тоа се отвораат дополнителни европски фондови, ќе се зголемат странските инвестиции кои лани изнесуваа рекордни 625 милиони евра, што значи и нови работни места.

 

Затоа, повикуваме на натпартиско обединување, да гласаме за Стево Пендаровски и да ја поддржиме европската иднина“, рече Мартина Стојкоска – член на СДММ при ОО СДСМ Прилеп.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи