Две девојчиња, близначки, се родени со 97 дена разлика во германскиот град Келн. Едното девојче е родено на 17 ноември лани, а другото на 22 февруари оваа година.
Првото девојче било родено во 26. недела од бременоста и тежело само 900 грама. Второто девојче било родено четири дена по терминот за породување и тежело 3,7 килограми.
Мајката Оксана добила породилни болки во 26. недела и тогаш било родено првото девојче. Откако тоа изглегло, контракциите престанале, а лекарите одлучиле жената нормално да ја продолжи бременоста и да го чекаат второто девојче. Иако звучи малку неверојатно, бременоста на Оксана продолжила со нормален тек и три месеци по првото пристигнало на свет и второто девојче.
Лекарите велат дека ова успеало затоа што жената имала две плаценти, а цервиксот по раѓањето на првото девојче целосно се затворил.
Сега двете девојчиња добро напредуваат и имаат по 5,7 килограми. Сепак, иако близначки, тие својот роденден ќе го слават во различен месец, дури и различна година.