ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ: Дали ќе гласате за злосторничкото здружение, непотизмот…

Дали ќе гласате за ЗЛОСТОРНИЧКО здружение кое го уништува нашиот град? Дали ќе гласате Градоначалникот и злосторничкото здружение да си ги довработат сите домашни и покрај одлуките на антикорупциска? Дали ќе гласате Сугарески и Туманоски да ја дозаградат цела стара чаршија и плоштадот Ченто? Ова се дел од прашањата кои ВМРО-ДПМНЕ Прилеп ги поставија до прилепчани на денешната прес конференција.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

 

„Почитувани членови на СДСМ, политички неопределени сограѓани, но и вие што одлучивте да ги казните најнеспособните функционери на оваа влада, на 3 дена пред одлучувачките избори за Македонија сакаме да ве прашаме неколку прашања и да ве замолиме да си ги одговорите пред да одлучите како ќе гласате:

 

Дали ќе гласате за ЗЛОСТОРНИЧКО здружение кое го уништува нашиот град? Ова е обелоденето од нивен истакнат член, а премолчано од обвинителството.

 

Дали ќе гласате Градоначалникот и злосторничкото здружение да си ги довработат сите домашни и покрај одлуките на антикорупциска?

 

Дали ќе гласате Сугарески и Туманоски да ја дозаградат цела стара чаршија и плоштадот Ченто?

 

Дали ќе гласате за Миле Талески за кој не знаеме дали е марионета или е кривец за катастрофата на СДСМ и губењето 7000 гласови за 18 месеци?

 

Дали ќе гласате за двојазичен Прилеп кој се дави во нечистотија?

 

Дали ќе гласате за тие што го пљачкаат Еурокомпозит и Тутунски комбинат, додека вработените молат за плата?

 

Дали ќе гласате за 60% повисоки сметки за вода и пресушено вештачко езеро?

 

Дали ќе гласате за тие што го уништија фудбалот и ракометот во Прилеп?

 

Дали ќе гласате за тие што во центарот на Прилеп отвараат фабрики за марихуана?

 

И на крајот поставете си сами уште 1000 прашања дали овие злостпрници како што велат самите за себе заслужуваат да гласате за губитникот Пендароски.

 

Се разбира одговорот е Не! Не за оваа банда што го уништи Прилеп.

 

Прилеп како и во првиот круг ќе гласа за победникот, за број 2, за Проф. Гордана Силјаноска“, рекоа од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира