Два силни земјотреса ги погодија бреговите на Фиџи, едниот со силина од 6.5%, додека другиот со 5.1% според Рихтер.
Посилниот земјотрес бил на голема длабочина од 104 километри во Тихиот Океан, со епицентар на 824 километри јужно од главниот град на Фиџи, Сува. Додека пак “послабиот“ земјотрес бил регистриран 289 километри северно од островот Ндои, на длабочина од 579 километри.
И покрај силината на земјотресите, засега нема податоци за жртви или материјални штети, а не е издадено ниту предупредување на можна појава на цунами.