Во паркот кај Основниот суд во Прилеп денеска беа одбележани 4 години од смртта на Ненад Серафимовски и 1 година од подигнувањето на неговиот споменик.
Ненад Серафимовски, еден од 8-те мина загинати припадници на безбедносните сили при терористичките напади на 9 мај 2015 година во кумановско Диво Насеље. Тој беше член на единицата за специјални задачи „Тигар“ од 2014 година.
Серафимовски е од гостиварско Зубовце, но по мајка е прилепчанец и токму затоа споменикот беше поставен во градот херој.
„Денес се собравме тука на 9 мај, точно по една година од подигнувањето на споменикот на Ненад Серафимовски од Зубовце, Гостоварско, кој загина во „Диво Насеље“ на 9 мај. Денес се навршуваат 4 години од неговата смрт. Хероите не умираат, тиие вечно живеат. Ненад и неговите колеги погинаа пред 4 години, а денес ние неговите блиски, кои неможевме да отидеме во Зубовце, дојдовме да му оддадеме почит“, истакна Мариче Јованоска, роднина на Серафимовски.