Во Кавадарци падна најголемата лото премија во државава – 500.000 евра!

Facebook
Twitter
Email
Print

Во Кавадарци падна најголемата лото премија во историјата на Државна лотарија.  Извлечените броеви 9, 11, 13, 21, 23, 25, 32 донесоа 7ка вредна 29.293.930,00 денари, или 500.000 евра!  Среќниот добитник уплатил пет комбинации лото 7, од кои добитна била третата.

 

„Уплатата со вкупна вредност од 100 денари, била извршена на 6ти мај, во понеделник, во продажно место во близина на старата автобуска станица во Кавадарци“, соопштија од државната лотарија.

 

Седумка на лото претходно имаше паднато по еднаш во Свети Николе, Неготино, Тетово и Струмица, два пати во Куманово, четири пати во Битола и единаесет пати во Скопје.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи