„Тие војуваа, поминаа надчовечки искушенија и стоеја на страшното место на борбата кога требаше. Дадоа се што е потребно и ја добија таа победа“, порача Путин на почетокот на традиционалната воена парада , која секоја година се одржува на „Црвениот плоштад“ во Москва.
Во воената парада на Црвениот плоштад во Москва учествуваа повеќе од 13 000 војници, 74 авиони и хеликоптери и 132 единици на техника.