Музичкиот перформанс „Непокорни“ од ООУ „Климент Охридски“ најдобар на ревијалните училишни смотри

Синоќа  во Центарот за култура „Марко Цепенков“ се одржаа „Ревијалните смотри“ на основните училишта од Прилеп. Девет члената жири комисија одлучи првото место на овогодинешните  ревијални смотри да го добијат учениците од ООУ „Климент Охридски“ со перформансот „Непокорни“.

 

Втората награда им припадна на учениците од  „Блаже Конески“ со музичкиот перформанс  „Зумба дечки“, а трето наградени беа учениците од ООУ „Добре Јованоски“ кои ја подготвија моно драмата „Јас се заљубив“.

 

За прв пат оваа година беше доделена и награда за најдобро украсена сцена на ООУ „Добре Јованоски“.

 

Во оваа манифестација која што традиционално се организира во мај, секое основно училиште учествува со своја културно-забавна програма. Претходно секое училиште имаше свои манифестации, а најдобрите учесници, беа дел од ревијалната вечер, каде што секое од седумте основни училишта беше претставено со по две точки.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи