Претседателот Стево Пендаровски го комплетираше составот на својот кабинет.
Внатрешни советници на претседателот Стево Пендаровски:
– генерален секретар (шеф на кабинет) – Миле Бошњаковски
– прес-офицер – Билјана Радева (префрлена од Британска амбасада)
– советник за безбедност и одбрана – Бљерим Кољари
– советник за надворешна и внатрешна политика – Александар Спасов
– посебен советник во Кабинетот – Тоше Зафиров
– шефица на протокол – Билјана Мицевска – Јосифовска
– советничка за медиуми – Катерина Цаневска Арсовска
– посебен советник за да води коресподенција и комуникација со лицата со посебни потреби – Љуљета Адеми
-главен соработник за надворешна политика – Гоце Карајанов
Надворешни советници на претседателот Стево Пендаровски:
– главен надворешен соработник за надворешна политика – Денко Малески
– главна советничка за правни работи – Мирјана Лазарова Трајковска
– советничка за правни работи – Беса Арифи
– советник за надворешна политика и меѓународни односи – Александар Димитров
– советник за надворешна политика – Александар Тавчиевски
Претседателот Пендаровски го назначи Ерол Муслиу за нов директор на Агенцијата за разузнавање. Оваа одлука, која ја соопшти на брифинг со новинарите, ја донел самиот Пендаровски.