Метеоролозите соопштија дека во понеделникот САД ги погодиле вкупно 55 торнада, а во неколку сојузни држави има сериозни поплави. Во бранот торнада животот го загуби едно лице, а повредени се стотици.
Невремето најтешко го погоди Дејтон во државата Охајо, каде што најмалку 130 лица се повредени, а 82-годишен човек починал кога паркиран автомобил носен од воздушниот вител удрил во неговата куќа.
Бран од 50 или повеќе торнада не е необичен и се има случено дури 63 пати во американската историја, сепак метеоролозите се загрижени од силината на ветровите и големото географското подрачје коешто го имаат зафатено.