Тимот на Вардар во недела го пречекува Загреб во третото коло од ракометната лига на шампиони и ова е добра шанса да се продолжи победничката серија која што Вардар ја има на почетокот од новата сезона по победите обезбедени во првите две кола против Висла Плок и Нант.
„ППД Загреб имаат многу добри играчи со искуство како Хорват и Марковиќ, но имаат и млади играчи кои се квалитетни. Очекувам многу тежок натпревар. Тие играат 6-0 зона, ама можат да смена во 5-1. Нивната одбрана е супер и добро организира на 5-1 зона со Марковиќ напред и затоа мораме добро да се подготвиме. Сега сме прво место во групата, имаме добра шанса да останеме први и не треба да се опуштаме. Ние сме фаворит, но треба да го почитуваме противникот. Сакам да играме добар натпревар, и да победиме. Можеме да ја подобриме играта од дуелите против Нант и Висла. Ги покануваме сите навивачи да дојдат, зашто кога салата е полна и ние играме многу подобро“ истакна тренерот на Вардар Раул Гонзалес.
Ривалството меѓу Вардар и ППД Загреб постои веќе седма година во континуитет. Двата тима играат во регионалната СЕХА Газпром лига и секоја сезона најмалку по двапати играат меѓусебе.