Создаваме Локална самоуправа во која, секој граѓанин ќе добива навремени, квалитетни и евтини услуги. Ја враќаме моќта на месните и урбаните заедници. Ги опремуваме со технички услови и го зајакнуваме нивниот правен статус. Истакна на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник на СДСМ за Прилеп, Илија Јованоски.
Прес конференцијата ја пренесуваме во целост !
„Граѓаните ќе ги добиваат сите потребни услуги на едно место, и од органите на локалната, и од органите на централната власт во современи центри за услуги.
Воведуваме електронски систем на услуги и мобилни канцеларии, во кои се нудат услуги во секое село.
Граѓаните ги вклучуваме во креирањето на буџетот, во носењето одлуки и во контролата на власта. Сите петиции, граѓански иницијативи, предлози и амандмани, ќе бидат на дневен ред на новата локална власт!
Ги уверувам своите граѓани дека средствата што ги дале од својот џеб ќе бидат вложени во унапредување на општата благосостојба во Прилеп и квалитетен живот за сите.
Буџетските средства ќе се користат строго наменски, транспарентно, домаќински и одговорно! Граѓаните редовно ќе бидат информирани за сработеното.
Обезбедуваме ефикасен јавен превоз и бесплатен превоз за пензионерите, секој ден од 9 до 11 часот.
Градиме две нови детски градинки и ги подобруваме условите за згрижување и воспитување на децата. Тоа е наша цел.
Со проектот гасификација овозможуваме евтино греење и настава во топли училници во студените зимски денови за сите ученици.
Обезбедуваме бесплатен училиштен прибор за сите првачиња. Градиме квалитетни генерации со вистински вредности.
Нудиме поддршка и помош за најзагрозените семејства и за лицата со посебни потреби. Градиме едно општество за сите со почит кон секого.
Почитувани прилепчани, Вратите на Општината се отворени за Вас, за вашите идеи и планови, но и за Вашите проблеми кои итно ќе ги решаваме. Во Прилеп ќе има живот за сите!“