ВИДЕО – Вработените во Еурокомпозит ќе ги добијат заостанатите придонеси, сега ќе се бара и стратешки инвеститор

Конечно после две години на протести, штрајкови, блокади на патишта и улици Владата до Собранието го достави предлог законот за претворање на побарувањето на државата по основ на јавни давачки во траен влог во „Еурокомпозит“. Со усвојувањето на овој закон на вработените во „Еурокомпозит“ ќе им бидат подмирени заостанатите придонеси во висина од околу 2 милиони евра на вработените, а кои не им се платени веќе 6,5 години.

 

 

Ова беше едно од нивните главни барања. Но сепак останува нејасно што ќе се случува со неисплатените околу 20 плати, неисплатеното К-15 и отпремнината за оние кои заминаа технолошки вишок.

 

Ако се најде сериозен стратешки инвеститор кој би ја купил фирмата, тогаш со тие пари при купувањето на фирмата, ќе може да очекуваме работниците да се обештетат и по однос на другите побарувања како плати, К-15, отпремнини и друго“, истакна Лазе Ангелески, претставник на СИЕР.

 

На последната средба со вицепремиерот Анѓушев на вработените им било ветено дека има заинтересирано странски инвеститор кој бил спремен за „Еурокомпозит“ да плати за 1,5 милиони евра од кои пари секој доверител и вработен би добил по 33% од своите побарувања.

 

Па после од тој инвеститор ние да ги добиеме отпремнините и заостанатите плати. Е сега кога ќе биде тоа незнаеме“, рече Пеце Вељаноски, поранешен вработен во „Еурокомпозит“.

 

„Се работи за 33% од сите побарувања кои што ги имаме. Не би калкулирал сега со цифри во овој момент затоа што не знаеме ниту дали воопшто постои тој инвеститор“, додаде Цветан Бунтески, поранешен вработен во „Еурокомпозит“.

 

Еурокомпозитовци се надеваат дека законот за придонесите ќе помине за брзо време во Собрание и дека конечно ќе се изнајден решение и за фабриката која е 100 % во државна сопственост и која засега воопшто не фунционира.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи