На социјалните мрежи се појави разговор на советникот во Општина Прилеп, Адем Мамудоски, од СДСМ, каде тој јавно се фали дека му оди од рака вработувањето на Ромите. Граѓаните се прашуваат, кои Роми, каде и како се досега вработени од страна на Мамудоски ? Кој му дал за право на еден советник да може вработува ? Дали партиската книшка, исто како и 12 години наназад останува да биде втора лична карта во Македонија ? Или пак повторно ќе се правдаме дека нејасно сме биле разбрани и дека разговорот е изваден од контекст ?