Државната комисија за спречување на корупција конечно оформи предмет и отвори постапка за вработувањата во прилепската болница, односно антикорупциска ќе истражува дали имало партиски вработувања и на кој начин се вработени лицата, информира Алфа.
Од обвинителството пак велат дека ги следеле сите информации.
„Основното јавно обвинителство Прилеп го следи сите информации во врска со објавените снимки и ќе постапи доколку бидат утврдени елементи на кривично дело“, велат од обвинителството.
ВМРО-ДПМНЕ за ваквиот скандал бара остава не само на министерот Сугаревски, туку на цела Влада.