Западен Балкан масовно се иселува – 228.000 жители од овие простори лани се отселиле во ЕУ

Facebook
Twitter
Email
Print

Од Западен Балкан во земјите на ЕУ само минатата година се отселиле 228.000 жители, покажуваат податоците од Еуростат.

 

Најмногу иселеници во ЕУ заминале од Албанија 62.000, потоа од БиХ 53.000 како и 51.000 Срби. Од територијата на Косово се иселиле 34.500 луѓе, а од Северна Македонија 24.300 и од Црна Гора 3.000.

 

Од Албанија најголем број граѓани се иселиле во Италија (23.000), Грција (17.000) и Германија (10.000). Од БиХ најмногу заминале за Германија (16.000), а другите во Словенија и Хрватска.

 

Од Србија минатата година најмногу граѓани се иселиле во Германија (16.000), потоа во Словенија 5.100 и Хрватска и Словачка има по 4.900 иселеници.

 

Од Косово, кое во овој документ е наведено како територија на ОН според Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност, најмногу луѓе минатата година заминале за Германија, речиси 19.000, што е повеќе од половина, а потоа следат Словенија и Хрватска.

 

Од Северна Македонија најмногу луѓе се отселиле во Германија (11.500), а потоа следуваат Италија и Словенија.

 

Во односот на бројот на жители, најмногу иселување има од Албанија која има околу 2,8 милиони жители, зошто минатогодишните 62.000 заминувањаа чинат околу 2,2 отсто од вкупниот број жители.

 

Бројот на заминувања од Северна Македонија сочинува 2,1 отсто од вкупниот број жители, додека од Косово заминале 2 отсто од граѓаните. БиХ лани ја напуштиле 1,5 отсто жители, а Србија 1,3 отсто.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи