Облакот на радиоактивни инертни гасови настанал како резултат, како што се тврди, од пропаѓањето на изотопите и предизвикал краток пораст на зрачењето во градот Северодвинск, на далечниот север на Русија, пренесува Ројтерс.
Пронајдени се изотопи на стронциум 91, бариум 139, бариум 140 и лантан 140.
При лансирањето на ракетата загинаа пет лица, а тројца беа повредени. Руските власти тогаш ги советуваа жителите од регионот Архангелск да ги напуштат домовите откако беше измерен раст на радијацијата од четири до 16 пати повеќе од дозволеното во Северодвинск.
Агенцијата потсетува дека руските власти признаа дека експлозијата во базата за лансирање проектили, при што загинаа пет лица, била од нуклеарен карактер.