Со финансиска помош на ЕУ, ЈКП „Комуналец“ – Прилеп набави ново комунално возило со капацитет од 7+1 м3, чија вредност без ДДВ изнесува 61.494 евра.
Со оглед на застарениот возен парк и на тоа што јавното претпријатие последен пат набавило ново возило пред десетина години, комуналното возило во многу ќе го олесни собирањето и транспортот на сите видови на рециклирачки материјали од домаќинствата.
Покрај набавката на возилото, во рамки на проектот наскоро треба да пристигне и нова хидраулична преса за пресирање на различен вид отпаден материјал.
Вкупната вредност на новото комунално возило и автоматската континуална преса од 50 тони, изнесува 121.000 евра, а средствата од проектот „БИО – РЕАЛ“ се финансиска поддршка од програмата на Европска Унија „Интеррег – ИПА“, прекугранична соработка со Грција.