10 годишната Фани Јованоска од Крушево „гази“ се пред себе на големиот меѓународен турнир во пинг понг во Шведска

Овие денови, Фани Јованоска од Крушево се бори како лавица во Шведска на многу силен турнир во пинг понг, за да ги одбрани боите на Македонија! Откога е почнат турнирот па до сега, Фани има освоено сѐ што може да се освои! Инаку, се почнало како игра, пред три години, кога другарка и ѝ предложила да играат пинг понг на трпезариска маса. Фани веднаш се вљубила во овој спорт и набргу почнала да тренира во ППК Крушево.

 

По неполни месец дена, во клубот ја препознаваат како голем талент, и набргу почнува да игра за Македонска репрезентација! Со силна подршка од претседателот на федерација Горан Тиловски, а исто така и потпретседателот Златко Рикалоски, кои не се штедат во ангажирањето околу неа, Фани стигнува до Шведска, а со понатамошна подршка од државата, Фани планира да го освои светот!!!

 

Во тоа не треба да се сомневаме, бидејќи има талент, желба и напорно тренира! Тоа е комбинација која секогаш носи најдобри резултати! Наше е да и посакаме многу среќа на десетгодишната Фани, ученичка во ОУ Никола Карев во Крушево, да ги следиме со голем интерес нејзините успеси, за да и бидеме мотив и понатаму да победува и само победува!

 

Државата треба да се грижи за овие деца, и да биде тука за нив за сѐ што им треба, бидејќи тие се нашата светла иднина, и на нив светот останува! Напред Фани!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи