Иран од утре ќе почне да вбризгува ураниумски гас во 1.044 центрифуги за збогатување на ураниум во објектите во „Фордоу“, иранскиот центар за збогатување на ураниум, најави иранскиот претседател Хасан Рохани.
Тоа претставува директно кршење на нуклеарниот договор постигнат помеѓу Иран и светските сили, бидејќи според истиот центрифугите треба да работат без вбризгување на ураниумов гас.
Иранските власти рекоа дека развиваат нови центрифуги за збогатување на ураниум, кои работат 50 пати побрзо од оние кои се дозволени со договорот.
Иран почна да ги намалува своите обврски од договорот за нуклеарна програма, откако САД се повлекоа од договорот и повторно воведоа санкции. Иранскиот претседател вели дека неговата змеја ќе се придржува кон своите обврски од договорот, кога и останатите потписнички ќе го сторат истото.
Според нуклеарниот договор, потпишан во 2015 година, Иран има право да произведува збогатен ураниум само преку 5.060 центрифуги од прва генерација ИР-1.