Водите се искачија на 1,87 метри, поплавувајќи скоро 90 проценти од градот што го активираше алармот за поплави, соопшти денеска италијанскиот Центар за набљудување на плимата и осеката. Само еднаш откако следењето започнало од 1923 година, плимата била поголем, во 1966 година кога достигнала 1,94 метри.
„Повеќе од 85% од градот се поплавени. Највисокото ниво на водата во последните 50 години ќе остави траен белег врз градот. Владата мора да слуша. Ова се ефектите на климатски промени и цената ќе биде висока“, изјави градоначалникот Луиџи Бруњаро.
Еден човек загинал од струен удар кога водата навлегла во неговиот дом.
Познатата базилика Свети Марко е поплавена, предизвикувајќи грижи за оштетувањето на мозаиците и другите уметнички дела. Плоштадот на кој се наоѓа црквата се наоѓа во еден од најниските делови на градот. Тамошната базилика е поплавена по шести пат во последните 1.200 години, но четири случаи биле во изминатите две децении.
Официјалните лица за денеска предвидуваат нов голем бран.