Ердоган очекува поддршка од НАТО во борбата против тероризмот

Facebook
Twitter
Email
Print

Сојузниците не смеат да ја напуштат Турција во борбата против тероризмот, порача претседателот на таа држава, Реџет Таип Ердоган.

 

Неговата изјава следуваше откако официјална Анкара и покрај најавите за блокада, го поддржа планот на НАТО за зајакнување на одбраната на Балтикот и на Полска.

 

Непосредно пред почеток на самитот, Ердоган порача дека Турција нема да ги поддржи плановите на Алијансата ако сојузниците не ја поддржат во борбата против курдската милиција која официјална Анкара ја смета за терористичка организација.

 

Анкара се соочи со критики од другите членки на НАТО поради нејзината воена операција во Сирија за протерување на сириските курдски борци од турско-сириската граница. Курдските сили се бореа против ИСИС и беа сојузник на меѓународната коалиција предводена од САД.

 

Ердоган исто така најави дека ќе се сретне со лидерите на Франција, Германија и Велика Британија во Истанбул во февруари.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи