Група научници успеаја да направат реконструкција на човечкиот глас, кој припаѓал на египетска мумија стара 3000 години. „Ехото од далечното минато“ трае само неколку секунди, но и за тоа да го добијат, научниците ја испитувале мумијата во компјутеризиран томографски скенер. Ова им овозможило да направат 3Д модел на вокалниот тракт за да ги добијат димензиите на формата од уникатниот звук на човечкиот глас.
Истражувачите потоа го синтетизирале гласот на мумијата со 3Д испечатениот модел со нејзините дишни патишта и го поврзале со електронски грклан, вештачка говорна кутија што произведува звук.
Ова откритие дава сознание како античките Египќани најверојатно би звучеле.
Самиот модел не е доволен за да се реконструираат цели зборови или пак, реченици, се вели во написот.
„Но, тоа е нешто на кое работиме и ќе биде изводливо еден ден“, смета Дејвид М. Хауард, еден од авторите на истражувањето.
Врз основа на натписите на ковчегот на мумијата и предметите со кои била погребана, истражувачите знаат дека станува збор за египетски свештеник и писар, кој веројатно пеел и им зборувал на боговите како дел од неговите обредни должности.
Слушнете како звучи мумијата:
[poll id=”-2″]