Седум нови пациенти се тестирани за корона вирус, и нивните резултати ќе бидат готови за неколку часа. Меѓу нив има и две родилки од Дебар, истакна на денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Другите пациенти се од Штип, Куманово, Тетово, Кичево и Охрид. Дел од нив пристигнале пред 3-4 дена од Австрија и Швајцарија и сите се јавиле со висока температура.
Останатите 18 заболени се во стабилна состојба, рече Филипче, а првозаболеата која сега е излечена, утре ќе биде пуштена на домашно лекување.
Министерот Филипче рече дека во државата има 120 респиратони машини, близу 90 од нив се во Скопје. Целиот медицински персонал од државните и приватните болници е ставен на располагање и ќе биде ангажиран согласно потребите.