ВИДЕО – Децата од „Чумовчани“ плетат белезици, ги продаваат и собираат пари за респиратор за Марија

10 месечната Марија Јорданоска од Прилеп е единственото бебе во Македонија кај кое е регистриран т.н. Cиндpoм на центpaлна апнеа при спиење. Односно за да се одржyва во живот потpeбен и е pecпиpaтop кој го користи додека спие. Кога е будна, Марија е сосем нopмално бeбe, но штом заспие, таа престанува да дише. Бидејќи немаат свој респиратор родителите сега плаќаат по 1.000 денари од ден за изнајмување на апаратот. За да се купи нов потребни 628.839 денари или околу 10.000 евра, средства кои семејството не можат во моментов сами да ги обезбедат.

 

 

Токму затоа се покрена една акција за собирање на донации. А во неа на доста креативен начин пред неколку дена се вклучија и децата од маалото „Чумовчани“ во Прилеп. Тие секој ден плетат белезици од ластичиња и истите потоа ги продаваат на Паркот на Револуцијата и по прилепските улици. Одат од клупа на клупа, од човек на човек, продаваат, а собраните средства ги донираат на семејството на малата Марија. Велат дека се премногу среќни што можат на ваков начин да помогнат за 10 месечното бебе.

 

Ние плетиме белезици за малото бебе Марија. Потоа белезиците ги продаваме тука на Могилата, а парите се за малата Марија“, рече Галена Цветкоска, едно од децата кои учествуваат во оваа акција.

 

„Лесно е да се плетат овие белезици, прво се става едно ластиче свиткано, потоа се става друго, па по него трето и тоа го повлекувате и така цел ден“, кажа Марија Филипоска, друго дете кое е дел од оваа акција.

 

„Имаме досега сплетено 70 белезици. Ги продаваме во нашата улица и тука на Могилата, луѓето се заинтересирани и повеќето од нив купуваат“, кажа Александра Николиќ, уште едно од децата дел од оваа акција.

 

„Прво мислевме да собираме пари за друга хуманитарна цел, но кога дознавме за бебето Марија одлучивме за неа да собираме пари. Среќен сум што сум дел од оваа акција“, вели Михаил Павлоски, учесник во акцијата.

 

Во акцијата се вклучени и родителите на децата кои им помагаат во целата организација, но и во плетењето на белезиците.

 

„Собрани се тука децата, собираат пари за малата Марија со цел да и се овозможи респиратор за да диши. Веќе 5 дена се плетат белезици и парите сакааат да ги донираат за Марија, ние им помагаме“, истакна Милена Кареска, еден од родителите на децата.

 

Секој оној кој сака да купи од овие белезици и да донира може да ги најде децата на Могилата секој ден од 16.00 до 18.00 часот.

 

 

Инфо Компас контактираше со мајката на Марија, која ни кажа дека за да се купи респираторот биле потребни уште околу 2.500 евра. Претходно поради овој синдром тие 6 месеци лежеле на Клиниката за детcки болecти во Скопје. Бидејќи кај нас нема експерти кои се запознати со оваа болест откако ќе заврши корона кризата тие планираат да одат во стрнство за да точно се дијагностицира состојбата на Марија.

 

Доколку некој сака да донира пари тоа може да го направи на оваа жиро сметка :

 

За Марија Јорданоска

 

270-7000544289.77 – Халк Банка

 

 

Или да ги контактирате родителите на тел број 075-579-450.

 

 

Мајката на Марија истакна дека доколку се соберат повеќе средства од потребните за да се купи респираторот истите потоа ќе бидат употребени за додијагностицирање на состојбата на Марија. Нешто за што повторно ќе им бидат потребни пари.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи