Дури 90 отсто од новозаболените се заразиле на семејни настани во изминатите десетина дена. Тие луѓе циркулирале во раамки на своите мали заедници, но и надвор од нив. Мора да се има предвид дека Скопје е функционална единица и со ова мерка на целосна забрана на движење, ние го штитиме целиот град, рече министерот за здравство Венко Филипче на вечерашната прес-конференција.
Тој вели дека во зависност од случувањата во наредните денови, следната недела ќе се носи одлука дали во некоја форма ќе се врати полицискиот час и во периодот што следува.
„Со оглед на времето од кога се пренел вирусот, поради интензивната комуникација при семејните настани, сметам дека ова мерка на рестрикција во движење е одлучна за да се спречи понатамошното ширење на заразата од лицата и со симптоми, но и од асимптоматските случаи“, рече Филипче.