Како последица на коронавирусот денеска почина едно лице на 73 годишна возраст од Прилеп, има еден случај на новозаболен од Ковид 19, а две лица оздравеле од заразната болест.
Бројот на активни случаи со Ковид 19 во Прилеп изнесува 29. Од нив, 21 лице се наоѓа на домашно лекување, тројца се хоспитализирани во Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“, а петмина се наоѓаат во Клиниката за инфективни болести и во Градската општа болница „8.Септември“ во Скопје;
Во самоизолација се наоѓаат 42 лица. Заради неносење на заштитни маски, на 18 граѓани име се изречени прекршочни пријави.




