Проверете дали сте на список за користење на платежна картичка

Секој граѓанин може од денеска да провери дали е корисник на домашната платежна картичка. Списоците на корисниците согласно дефинираните каритериуми со владината уредба се изготвени и конечната листа е објавена на веб-страницата kupuvamdomasno.gov.mk, а веќе се печатат и првите картички и наскоро ќе почнат да се издаваат на корисниците. Ова го соопшти денеска на прес-конференција министерката за финансии Нина Ангеловска, која додаде дека банките ќе почнат да ги доделуваат картичките од крајот на оваа недела, а сите картички ќе треба да бидат издадени најдоцна до 18 јули и искористени најдоцна до 15 август.

 

Таа појасни дека потребно е граѓаните да го внесат само матичниот број, и да се најдат на листата.

 

„Заведени се вкупно 324.479 корисници на листата за Домашна платежна картичка и согласно тоа мерката ќе чини 28 милиони евра, односно поточно 27,8 милиони евра. Со овие средства ќе се поддржат таргетираните категории граѓани, ќе се поттикне потрошувачката на домашни производи и услуги и преку вбризгување на 28 милиони евра ќе се поттикне економската активност. Ова ќе придонесе за ревитализирање на македонската економија во услови на Ковид-19“, истакна министерката Ангеловска.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи