Фирма на Кочо Анѓушев, кој воедно е и член на Советот за фискални мерки за Ковид19, советодавно тело на министерката за финансии Нина Ангеловска, доби државна помош од 106.000 евра за еден месец, објави на својот Фејсбук профил Бранимир Јовановиќ, кој беше советник на претходниот министер за финансии Драган Тевдовски.
„Кочо Анѓушев член на Советот за фискални мерки за Ковид19, советодавно тело на министерката за финансии.
Ете зошто си лапна неговата фирма 106.000 евра државна помош (за само еден месец), иако остварува милионски добивки а дава плати под 300 евра.
Ете зошто и ќе нема пари за луѓето што останаа без работа, за сиромашните, невработените, малите фирми.
Ете зошто и никогаш нема да нѐ биде“, напиша Јовановиќ.