Утринава ( 12.06.2020 ) нешто после полноќ, околу 00.55 часот, на крстосницата од улиците „Александар Македонски“ и „Борка Талески“ во Прилеп се случи сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел вектра“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(20) од Прилеп и мотоцикл „јамаха“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од Ц.П.(18) од Прилеп, соопштуваат од МВР.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот и бил пренесен во болницата во Прилеп за укажување лекарска помош.
Увид извршила екипа на Полициската станица Прилеп.
![](https://infokompas.com.mk/wp-content/uploads/2020/01/Matador-banner-300-149.jpg)