По неколкуте денови без нови случаи на заболени од ковид-19 во Прилеп и стивнувањето на пандемијата во нашиот град, во последното деноноќие регистрирани се четири нови случаи на коронавирус.
Добра вест е што Институтот за јавно здравје регистрира 5 оздравени пациенти од коронавирусот во Прилеп.
Со тоа, вкупниот број на активни случаи изнесува 18 пациенти.