Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Петар Ристески, изнесе сомнежи за сторен криминал во областа на градежништвото и урбанизмот во Прилеп во кој е замешана градежна фирма во сопственост на роднина на градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.
„Се работи за фирмата која гради стамбена зграда на улицата „Октомвриска“ отспротива на Солидност, за која во градот постојат шпекулации дека и самиот Јованоски е замешан во сопственоста на оваа фирма. Градежниот инспекторат од општина Прилеп му наредува на инвеститорот и носи решение за прекин на таа градба, бидејќи не ги исполнува условите за градба, односно инвеститорот постапил спротивно на основниот проект каде не е дозволено изградба на подрумски простории. Инспекцискиот надзор на лице место утврдил дека се изградени вакви простории. Имајќи го на увид овој документ, градоначалникот требало решението за градба да го прогласи за ништовно и доколку сакал овој инвеститор да продолжи со градба требало да бара ново решение. Наместо тоа, во време кога сите граѓани се оптеретени со здравствената криза, на 19.03.2020 год.градоначалникот Јованоски, притоа без потпис од контролор, потпишал решение за одобрување на измени на основен проект во тек на изградба на стамбено деловна зграда, што е апсолутно незаконски“, вели Ристески.
За овие тврдења Ристески приложи и одрердении документи.