Со отворањето на границите се враќа и меѓународниот транспорт, па така граѓаните на Македонија од петок со автобус ќе може да патуваат во другите држави.
Сепак, согласно новата реалност, патниците ќе мора да се придржуваат до посебните мерки и протоколи доколку се одлучат на таков чекор.
Билетите ќе се купуваат со маски, а при чекањето ред пред шалтер ќе мора да се почитува физичкото растојание. Мора да се врши дезинфекција пред самиот влез во автобус, а секој патник ќе биде со маска во текот на целото патување.
Автобуските линии нема да бидат редуцирани, но сепак автобусите ќе возат со преполовен број на патници.
