Од денес се намалуваат цените на роамингот во земјите од Западен Балкан, а веќе од следната година планирано е роамингот целосно да се укине.
Првото намалување на цените од 99 проценти на роаминг услугите беше претходната година на први јули, согласно договорот потпишан помеѓу Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора. Последните податоци од Балканскиот барометар говорат дека 35 отсто од граѓаните заштедиле пари поради намалените цени и дека користењето на инетрнетот е во пораст на 69 отсто.
Од АЕК велат дека сега започнуваат со преговори и за намалување на роаминг цените кон земјите од Европската Унија.