Стартап-компанијата „Вселенска перспектива“, со седиште во Флорида, САД, има идеја со напреден балон да врши тури од Земјината површина, поточно Аљаска, до највисоките слоеви на атмосферата.
Компанијата планира да го користи Пацифичкиот вселенски комплекс во Кодијак, кој би ѝ послужил како едно од местата за лансирање на леталото наречено вселенски брод „Нептун“.
Со балонот, голем колку фудбалски стадион, ќе управува авиоекипаж и во него ќе има осум патници, а секој патник кој сака да ужива во глетката за време на 6 часовното патување треба да плати 125.000 долари.
Извршниот директор на Аероспејс корпорацијата на Аљаска – Марк Лестер рече дека овие патувања со балони ќе бидат достапни за неколку години и оти тие се добродојдени за туризмот на оваа американска сојузна држава.