ВИДЕО – Ѓорѓиоски: Носиме повисок стандард за младите и младинска невработеност под 17%

 

 

Понудата на СДСМ и коалицијата „Можеме“ нуди нови и подобри шанси за сите. Тоа е модел кој овозоможува стабилност за идните генерации. Носиме нова, развојна македонска економија која обезбедува повисоки плати, нови работни места, и пред се’ нови можности за младите, рече на денешната прес конференција Александар Ѓорѓиоски – Кандидат за пратеник на СДСМ во И.Е. 4.

 

 

„Во изминатите три години реализиравме голем број на мерки,  со кои ја зголемивме понудата на работни места и го олеснивме патот до прво вработување на младиот човек.

 

Стапката на невработеност кај младите лица, која во 2016 година, во време на ДПМНЕ изнесуваше 48,6 отсто, ја намаливме на 35,3 отсто.

 

Во следниот четири години продолжуваме уште повеќе и уште подобро.

 

Преку конкретни, ефикасни мерки и политики, младинска невработеност ја намалуваме под 17 отсто. Тоа е речиси двојно пониска младинска невработеност од моменталната.

 

Насочуваме рекордни 1,3 милијарди денари за активни програми и мерки за вработување.

 

Создаваме средина во која младите ќе го јакнат претприемачкиот дух, а за таа цел обезбедуваме грантови во висина од 5.000 до 15.000 евра.

 

Овозможуваме поврат на персонален данок за сите нововработени до 29 години, во првите две години од работењето. Парите ќе одат директно на сметките на младите.

 

Продолжува и мерката за 3.000 денари месечен младински додаток во производството за вработени млади лица до 23 години, со завршено најмалку средно образование.

 

Почитувани, додека СДСМ го покажува економскиот патриотизам на дело и носи нови шанси за младите, Хридтијан Мицкоски и ДПМНЕ нудат обнова режимот, нова кражба на парите на граѓаните и бркање на младите надвор од државата.

 

Затоа на 15 јули изборот на младите луѓе е едноставен: нови работни места и нови шанси за сите, или богатење на послушниците на Груевски.

 

На 15 јули го продолжуваме правиот пат по кој се движиме.

 

Заедно можеме уште повеќе, уште подобро“, рече Ѓорѓиоски.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи