Големо ѕвоно утрово одекна во Хирошима на 75 годишнината од првиот напад на атомска бомба во историјата, на почетокот на комеморативната церемонија од која градоначалникот ги повика сите земји да го отфрлат себичниот национализам и да се обединат во борбата против сите закани.
Малата група во Меморијалниот парк на мирот во Хирошима им оддаде почит на жртвите со минута молчење во 8:15 часот, точно моментот кога атомската бомба наречена „Мало момче“ беше испуштена американскиот бомбардер Б-29 „Енола Геј“, при што загинаа 140.000 луѓе, а целиот град беше разрушен.
За разлика од минатите години кога на одбележувањето присуствуваа илјадници луѓе, оваа година поради пандемијата на коронавирусот беа присутни само „хибакуша“, како што се познати преживеаните, нивните семејства и неколкумина достоинственици.
„Денес, светот без нуклеарно оружје се чини дека е подалеку од нашето сфаќање“, рече генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, во видео порака која се емитуваше за време на церемонијата.
Три дена по бомбардирањето на Хирошима следеше втор американски атомски бомбашки напад врз градот Нагасаки, во кој загинаа повеќе од 70.000 луѓе. Второто бомбардирање ја натера Јапонија да се предаде безусловно на Сојузничките сили на 15 август, со што се стави крај на Втората светска војна.