Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за поскапување на малопродажните цени на горивата во нашата земја која стапува на сила од вечерва на полноќ.
Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 денар/литар.
Според ова, од ноќеска на полноќ литар гориво Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 59,50 денари по литар, Еуросупер БС-98 ќе чини 61,50 денари за литар, додека Еуродизел ќе се точи по цена од 50,50 денари по литар гориво.
176