Владата го прифати предлогот на министерството за здравство за ангажирање на припадниците на армијата во обезбедувањето на болниците како дополнителна помош на припадниците на МВР.
За оваа одлука ќе се бара согласност од претседателот на државата и врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски кој на минатонеделната седница на националниот совет за безбедност, изрази подготвеност да ја стави на располагање армијата.