Претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани денеска изјави дека сметката на Велика Британија за излез од ЕУ (Брегзит), ќе изнесува помеѓу 50 милијарди евра и 60 милијарди евра.
„Треба да бидеме реални, но британската влада не е реална. Се споменуваше 20 милијарди, што е бесмислено. Сметката ќе биде помеѓу 50 и 60 милијарди евра, а тоа е реално. Неопходно е ја ставиме сметката на маса. Сакаме да ги добиеме парите, токму како и што рече (поранешната британска премиерка Маргарет), Тачер пред 30 или 40 години“, вели Тајани.
Претседателот на ЕП го критикуваше „нејасниот став” на британските власти во преговорите со Брисел за Брегзит.
„Сакаме да знаеме што сака Велика Британија. Во тоа е проблемот. Не е јасно“, рече Тајани.