По повод Новогодишните и Божиќните празници, Драмската секција ,,Слободно театарче” на СОУ,,Ѓорче Петров” Прилеп подготви онлајн комична претстава, насловена како ,,Корона тајмс”. Текстот и сценариото е на Филип Стојаноски, а режијата на менторот Билјана Тинтоска.
Пробите и снимањата се реализаа онлајн. Монтажата е на Дарио Волнароски. Улогите ги толкуваатуваат: Филип Стојаноски, Теона Крстеска, Сања Дамеска, Фросина Трајкоска, Фросина Петреска, Илија Кулески, Теодора Велкоска, Леонид Момироски, Василиј Пенков, Џеладин Шериф, Ангела Кочоска, Бојан Гиноски, Ѓорѓи Ацески Печијарески, Марија Недеска, Лидија Макалоска, Ирина Јованоска, Христијан Паноски, Фросина Конеска.
„Членовите на секцијата покажаа дека на човекот му треба волја, желба и труд за да ги надмине сите предизвици. Драги наши, наместо честитка – комична онлајн претстава, со искрени желби за љубов, мир и здравје. Живееме сега и се трудиме од она што го имаме, дури и од она што го немаме, да направиме најдобро што можеме. А вам – да ви измамиме насмевка и да ви подариме радост. Драмската ги обединува сите генерации наши ученици. Посебна благодарност кон Филип Стојаноски и Дарио Волнароски, за ентузијазмот и поддршката. Среќни празници“, велат од драмската секција ,,Слободно театарче”.
Погледнете ја тука целата претстава.